Трикови со кои тенката коса добива волумен

Волуменот е најголем проблем со кој се соочуваат сопствениците на тенка коса, но добрата вест е дека постојат трикови кои ќе ви помогнат да добиете изглед на бујна коса. Доколку вашата коса е тенка и залепена за темето, техниката на сушење коса која ја користат и гризерите на познатите ќе ви помогне.

Како правилно да ја исушите тенката коса

За почеток, на водената коса нанесете спреј за заштита од топлина за да го спречите нејзиното оштетување. Најстариот и најефетктивниот трик е сушењето на косата со подигната глава. Едноставо свртете ја главата и насочете го топлиот воздух од коренот кон врвовите – ова е најбрз начин за добивање волумен.

Уште еден многу важен трик, е топлината на фенот подесете ја на најсилно, но користете ја средната брзина. Имено, преголемата брина на фенот може да го смали волуменот и да донесе несакани ефекти.

Како да ја обликувате тенката коса

За обликување на косата со четка ви треба време, а резултатот е секогаш задоволувачки. Најбрзиот начин за стилизирање на тенка коса е да ја обликувате со прсти: стимулирајте го волуменот на коренот на косата така што ќе поминувате со прстите низ коренот додека ја сушите косата.

Лесните кадрици или брановите се добар избор за тенка коса, а пограј фигарото, може да користите и природни текники кои нема дополнително да ви ја оштетат косата, како замотување на косата со помош на мали штипки, собирање на косата во пунџа пред спиење или популарната hair plopping метода.

Златни правила до кои треба да се придржувате

Доколку сакате да постигнете изглед на здрава и бујна коса, никогаш не ја чешлајде додека е водена. Користете чешел со шитоки запци или специјализирана четка која спречува корнење на косата.
Најдобро е да ја чешлате косата некаде во средина на процесот на сушење.
При избор на шампонот избегнувајте ги они за сува коса и користете шампони кои ветуваат волумен и јакнење.

Слични содржини