Царина: Обвинителството ја води истрагата за запленетата дрога на скопскиот аеродром

од Nikola Popovski

Царинската управа информира дека истрагата за запленетa стока на скопскиот аеродром ја води и е под непосредна контрола и надзор на Јавното Обвинителството за организиран криминал и корупција.

– Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство, соопштија од Царината.

Во текот на денот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обвини за молкот на институциите за „скандалот со 1 тон дрога кој бил внесен во државата преку скопскиот аеродром пред еден месец“.

Според него, „Молкот на МВР, Царина и Обвинителство доволно говори дека институциите се обидуваат овој скандал да го заташкаат и прикријат, а причината за тоа е дека има сериозен сомнеж за поврзаност на власта со него“.

-Обвинителството, МВР и Царина во минатото спектакуларно известуваа за далеку помали случаи, а за овој случај нема речиси ништо, изјави тој на прес-конференција.

 

Слични содржини