Царовска: Кондово ја добива првата детска градинка

од Aleksandar Petrovski

 Носителката на листа на пратеници во ИЕ 1 Мила Царовска и кандидатката за пратеничка Санела Шкријељ денеска го посетиja населеното место Кондово во Општина Сарај кадешто се гради првата детска градинка.

-Навистина ми е драго што  Кондово ја добива првата градинка. Современиот објект граден по најнови стандарди има капацитет за над 80 деца, а вкупната инвестиција е 21,3 милиони денари. Подеднакво инвестираме во нови објекти за детска заштита и во урбаните и во руралните средини затоа што секое дете ни е важно, истакна Царовска.

Потсети дека до сега изградиле, реновирале и прошириле вкупно 44 градинки со што се обезбедени 3.500 нови места во градинките.

-Со 15 милиони евра од Светска банка за изградба и реконструкција на градинки обезбедуваме нови 7.500 места. Вложуваме, градиме се грижиме како никогаш до сега. Заедно можеме да направиме многу затоа што секое дете заслужува шанса за правилен детски развој, рече Царовска.

Кандидатката за пратеничка Шкријељ истакна дека иднината на секоја држава зависи од генерациите кои доаѓаат. Затоа приоритет на оваа Владата и Министерството за труд и социјална политика е систематското вложување во најмладите, почнувајќи од зголемувањето на капацитетите за предучилишно образование.

-Ми претставува особено задоволство кога се инвестира во градинка во места каде што никогаш немало, а особено во рурални средини, кои беа неоправдано запоставувани. Единствен начин да изградиме здраво граѓанско општество е да инвестираме во децата, потенцира Шкријељ.

Слични содржини