Царовска со порака до учениците: Имајте верба во себе и не се откажувајте пред предизвиците

од Берта Китинска

Драги ученици, ви посакувам успешен почеток на новата реформска учебна година. Верувам дека новите наставни програми ќе обезбедат поквалитетно и посовремено образование кон кое се стремиме сите, вели во својата видео порака министерката за образование и наука Мила Царовска.

-Имајте верба во себе и не се откажувајте пред предизвиците на патот којшто води до вашите цели. На наставниците, им посакувам успешна работа, бидејќи токму тие се клучот за успешна имплементација на предвидените промени. Ги охрабрувам да бидат креативни и да го вложат својот максимум во создавање на подобро образование.

Честитки и огромна благодарност до родителите и старателите за разбирањето, за посветеноста и за придонесот во остварувањето на наставата во услови на пандемија.Со враќањето на физичката настава во училиштата , верувам ќе биде полесно за сите, и за учениците и за наставниците и за родителите. Сепак не треба да заборавиме дека сме во пандемија и да не заборавиме да бидеме одговорни во секоја пригода, затоа што со заштита на личното здравје придонесуваме за безбедноста на другите околу нас, вели Царовска.

Слични содржини