ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА РУСИЈА: Заврши периодот на живеење од резерви! Мора да бараме нов економски модел

од Nikola Popovski

Гувернерката на руската централна банка, Елвира Набјулина, соопшти денеска дека руската економија не може на неодредено време да се потпира само на своите финансиски резерви и ќе мора да се преобликува за да се справи со последиците од меѓународните санкции.

Во својот најважен говор од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, гувернерката рече дека ќе бидат потребни две години за руската инфлација да се врати на 4%.

„Периодот кога економијата можеше да живее од резерви заврши. Влегувањето во периодот на структурна трансформација и барање за нов економски модел во вториот и третиот квартал“, рече таа.

Санкциите најмногу го погодија финансискиот пазар, а сега, според гувернерката, почнуваат да се појавуваат и во економијата.

„Главните проблеми ќе бидат ограничувањето на увозот и логистиката на надворешната трговија, а во иднина и ограничувањето на извозот“, рече таа, додавајќи дека руските компании ќе мора да се прилагодат на новонастанатата ситуација“.

„Руските производители ќе мора да најдат нови партнери, да ја сменат логистиката или да се префрлат на производство на производи од претходните генерации“.

Извозните компании ќе мора да најдат нови партнери и нови рути за снабдување, а за сето тоа ќе биде потребно време, рече гувернерот и додаде дека централната банка ќе преземе неколку мерки за прилагодување на економијата на новонастанатата ситуација.

Меѓу другото, централната банка го тестира издавањето на дигитални рубљи со цел да овозможи трансфери на Русите. Пилот операциите на овој план се предвидени за втората половина од годинава, најави гувернерот.

Руската централна банка повеќе од двојно ја зголеми основната каматна стапка на 20 отсто кога воведе меѓународни санкции кон Русија поради руската офанзива во Украина, намалувајќи ја на 17 отсто овој месец.

Фото: Profimedia

Слични содржини