Црни рекорди во светот: Короната не се предава, најбрзо се шири во Европа

од Stefanija Kuzmanovska

Пандемијата на коронавирус не стивнува. До денес, повеќе од 41 и пол милиони луѓе се разболеле во светот, а повеќе од 10 милиони случаи се активни.

Иако е регистриран најголем број на заразени и смртни случаи во САД, Ковид-19 најбрзо се распространува во Европа. Во Германија, за прв пат беше надмината бројката од 11.000 заразени за еден ден.

Дури и министерот за здравство, Јенс Шпан е позитивен. Од вчера, Италија исто така забележа најголемо дневно зголемување на бројот на пациенти, повеќе од 15 илјади.

Починаа 127 лица, додека во март и април имаше 900 починати на ден.

Шпанија прва во ЕУ го надмина прагот од еден милион заразени.

Во последните 24 часа таму починаа 156 лица.

Рекорден број на заразени се евидентирани во Полска и Австрија.

Институтот Роберт Кох предупредува дека ситуацијата наскоро може да биде уште полоша.

“Ситуацијата стана многу сериозна. Бројот на инфекции рапидно расте во многу области и не знаеме како ќе се развива ситуацијата. Но, сè уште успеваме да го забавиме понатамошното ширење на вирусот и сите мора да придонесат“, изјави Лотар Вајл, лекар во институтот.

Слични содржини