аа

Под наслов „ Структурирањето на ФЕТО“ турската новинска агенција Анадолија ги објави имињата на училиштата, фирмите, здруженијата и со кои организацијата ФЕТО, која е предводена од Фетулах Ѓулен имала своите активности Босна, Албанија,  Македонија, Косово и во Србија.

Во неколку града во Македонија има фирми од образованието, транспортот, трговијата, здравството и туризмот кои се поврзани со ФЕТО.

Први на листата, според агенцијата, се основните и средните училишта „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и во Струмица. Тука е и неделникот „Заман Македонија“, а курсеви за турски јазик се организираат преку организацијата „Седеф“.

Во областа на туризмот активна е агенцијата „Башак“, потоа компанијата за транспорт „Реинбоу“ и ланецот од маркети ЕВАР. Тие се наоѓаат во Скопје и се поврзани со организацијата ФЕТО.

Според Анадолија, еснафот и деловните луѓе на ФЕТО спроведуваат свои активности во организацијата „Здружение на бизнисмени“ (Makedonya İş Adamları Birliği – MİBA). Фондациите „Шафак“ (Şafak) и „Толеранс“ (Tolerans) се одговорни за работењето на студентските интернати во земјата, но се знае и дека организацијата има интернати во Скопје, како и во други градови низ земјата.

„Организацијата од своите први години од постоењето во Македонија собирала пари за зеќат (бериќет), за садака (пари за сиромашни) и за курбан (делење месо за сиромашните за време на празникот Курбан Бајрам) и со собраните пари отворила невладини организации и училилишта, со што придонесува за создавање забуна меѓу народот, бидејќи собира пари надвор од рамките на Исламската верска заедница“, пишува агенцијата Анадолија.

Од списокот на новинската агенција Анадолија, засега реагираа само од „Јахја Кемал“ од каде што велат дека тие немаат никаква поврзаност со Фетула Ѓулен, ниту финансиска, ниту каква било друга и дека се работи за македонска компанија која веќе 20 години без никакви проблеми функционира во Македонија.

Од турската амбасада во Скопје не откриваат дали Турција официјално побарала од Македонија да преземе мерки против наводните соработници на движењето ФЕТО кое го сметаат за терористичка организација која стои зад неуспешниот воен преврат на 15 јули.

Слични содржини