Турската полиција ќе изврши претрес во резиденцијата на саудискиот конзул

од desk2

Турската полиција ќе ја пребара резиденцијата на саудитскиот конзул во Истанбул во рамките на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар и дисидент Џамал Кашоги.

Се очекува денеска истражители да ја пребараат и зградата на Конзулатот.

Кашоги исчезна на 2 октомври, откако влезе во Конузлатот на Саудиска Арабија во Истанбул, за да добие документи за венчавка. Турските власти и вереницата изјавија дека тој воопшто не излегол од зградата. Постои сомневање дека Кашоги, кој бил критичар на власта во Ријад, можеби е убиен.

Екипа истражители од турската полиција и обвинители синоќа извршија претрес со согласност на саудиските власти, кој траеше осум часа.

Таквиот претрес претставува вонреден настан, имајќи предвид дека конзулатите и амбасадите уживаат неприкосновеност според Виенската конвенција.

Слични содржини