Твитер би можел да се соочи со сериозни тужби: Трамп ја потпиша извршната уредба за социјалните мрежи

од Nikola Popovski

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја потпиша извршната уредба со која се повикува Федералната комисија за комуникации да го разгледа Делот 230 во рамките на Законот на комуникациската пристојност од 1996 година, што им овозможува на веб-страниците да бидат имуни, без оглед на тоа што корисниците на социјалните мрежи или веб-страниците објавуваат на платформите.

Бидејќи претседателот не може да ги промени законите самостојно, Трамп барал помош од Федералната комисија за комуникации. Ваквите измени може да ги изложат технолошките компании на повеќе тужби.

За време на потпишувањето, Трамп бил придружуван од министерот за правда Вилијам Бар, што претставува своевидна порака за компаниите кои имаат социјални мрежи. Доколку се воведат измените предложени од Белата куќа, технолошките компании би можеле да се соочат со повеќе тужби.

Трамп изјавил дека презема акција против, како што смета „една од најголемите закани за слободниот говор“. Трамп и Бар порачале дека во одговорот ќе следат законодавни и правни средства.

Фејсбук наспроти Твитер

Претседателот Трамп, кој френетично го користи Твитер за испраќање пораки, долго се жали од компаниите, кои поседуваат социјална мрежа.

Директорот на Твитер изјавил дека тие ќе продолжат да ставаат предупредувања за поставките што може да содржат лажни или контроверзни информации.

Директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, го повика Твитер за објавувањето предупредување на твитот објавен од претседателот Трамп. Цукерберг во изјава за „Фокс њуз“ изјавил дека приватните дигитални платформи не треба да дејствуваат како „арбитри на вистината“.

„Имаме различна политика од Твитер за ова. Цврсто верувам дека Фејсбук не треба да биде арбитер на вистината за тоа што луѓето го ставаат на Интернет“, вели Цукерберг.

Додека републиканците во Конгрес го поддржуваат Трамп, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси ја критикуваше извршната уредба, нарекувајќи го овој потег на Трамп „очајно одвраќање од неговиот неуспех да обезбеди национална стратегија за тестирање за борба против Ковид-19“.

Слични содржини