TyC Sports: Меси има необична клаузула во договорот со ПСЖ

од Stefanija Kuzmanovska

ЛИОНЕЛ МЕСИ е играч на ПСЖ од вчера. Се шпекулира дека тој потпишал за ПСЖ до 2023 година, со можност за продолжување на договорот за уште една година. Тој ќе заработува помеѓу 35 и 40 милиони евра по сезона, во зависност од заработените бонуси. Меси беше пречекан од илјадници фанови на аеродромот во Париз.

ПСЖ направи се што може за да го донесе од Барселона, со која Меси раскина по 21 година. Парижаните се обидуваат да ја исполнат секоја желба на Меси. TyC Sports пишува дека има посебна клаузула во договорот на Аргентинецот.

Поентата е дека репрезентацијата на Аргентина е секогаш негов приоритет кога станува збор за одигрување официјални и пријателски натпревари. Покрај тоа, аргентинскиот персонал ќе има пристап до клупските простории и удобности во Париз.

Ова значи дека Меси не мора да патува од својата татковина во Париз набрзина, во случаи кога игра за својата репрезентација. Следствено, тој ќе пропушти некои натпревари од францускиот шампионат за да се одмори што е можно повеќе по настапите на репрезентацијата.

Меси ова лето ја освои Копа Америка со Аргентина и тоа е негов прв трофеј со репрезентацијата. За Аргентина одигра 151 натпревар и постигна 76 голови.

Слични содржини