УБИСТВОТО ШТО ГИ ШОКИРАШЕ САД: Одложен е изборот на поротата во предметот за Џорџ Флојд

од Nikola Popovski

Американски судија денеска го одложи изборот на порота во случајот на поранешниот полицаец во Минеаполис, обвинет за убиство на невооружен Афроамериканецот, Џорџ Флојд, во мај минатата година.

Дерек Шовин се соочува со обвинение за убиство затоа што повеќе од седум минути клечел на вратот на Флојд, објави Би-Би-Си.

До одложувањето дојде бидејќи судијата ја чекал одлуката на апелациониот суд за тоа дали може да се додаде ново обвинение за убиство.

Изборот на поротата може да продолжи најрано до утре наутро.

Шовин е обвинет за ненамерно убиство и убиство од втор степен. Максималната казна со која се соочува е 40 години затвор.

Слични содржини