УЕФА најавува: С.Македонија ќе игра еден од највозбудливите дуели на ЕУРО во првата фаза

С.Македонија се наоѓа од ден во ден се почесто во фокусот на Европската куќа на фудбалот – УЕФА.

Официјалниот сајт на УЕФА постојано ја промовира нашата репрезентација, и тоа до некаде не е чудо, со оглед што покрај Финска и нашата селекција е дебитант на големо натпреварување.

Оттаму, како што информираат од УЕФА, во рамки на првата фаза на ЕП, дуелот помеѓу С.Македонија и Австрија е означен како еден од највозбудливите дуели.

Во рамки на тоа, УЕФА објави и дека С.Македонија ќе се обиде да се реваншира по двата порази од оваа репрезентација, и се поставува прашањето дали Пандев со својата 37 годишна возраст ќе успее да постигне погодоци на првенството.

За потсетување, овој дуел на програмата е на 13. јуни.

Слични содржини