Угостителите апелираат: Мерките само ќе не остават во големи долгови, работниците се отпуштаат

од Берта Китинска

Туристичко угостителската комора на Македонија на прес-конференција објави дека илјадници угостителски објекти кои се дел од оваа комора нема да ги користат мерките на владата.

– 15.000 работници вработени угостителски објекти веќе добија отказни решенија, а нивните работодавачи кои планираат да ги отпуштат сите 29.000 вработени, ја повикуваат владата да ги потроши парите од мерката бескаматни кредити и да ги обештети работниците. Мерките само ќе не остават во големи долгови.Малите угостители нема да аплицираме за бескаматните кредити но бараме тие пари владата да ги потроши за нашите вработени и да им ги покрие платите и преидонесите почнувајќи од месец март  ијзави Мартин Ангелоски од Туристичко угостителската комора.

 

Слични содржини