Угостителите го подготвија протоколот: Како ќе изгледаат свадбите доколку одобри Комисијата за заразни болести?

од Nikola Popovski

Угостителите го подготвија предлог-протоколот за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови, кој ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести, било договорено на вчерашната средба со вицепремриот Битиќи и директорот на пазарниот инспекторат Пауновски. Тие се надеваат дека Комисијата ќе го прифати, во спротивно од следната недела повторно излегуваат на протести.

Според договорениот протокол, свадбата ќе биде без оро, а единствен танц да биде само тој на младоженците со кој ќе стартува прославата. Нема да има жива музика, а бројот на гостите ќе биде ограничен. Дезинфекциски средства треба да има на сите маси, а персоналот задолжително да носи заштитна маска. Работното време треба да биде до 21 часот.

Директорот на Инспекторатот, Пауновски, гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, за непочитување на протоколите се санкционирани 471 правно лице.

Вицепремиерот Битиќи, пак, ги посочил мерките од петтиот антикризен пакет – финансиската помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант-компонента до 50 отсто, како и одржување на ликвидноста со помош на законот за државна гаранција кој е во собраниска процедура.

Слични содржини