Украина објави ВИДЕО: „Наш војник уништи пет тенкови во една битка“

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за одбрана на Украина објави видео на кое се гледа, како што наведуваат оттаму, војник на 79-та воена бригада кој со противтенковскиот систем Џавелин уништил пет тенкови.

„Украински војник, врвен експерт за Џавелин, уништи пет тенкови во една битка“, објавија тие.

„Американското оружје во рацете на Украина прави чуда“, додаваат тие. „Вкупно, непријателот загуби пет тенкови и седум оклопни возила“, соопшти украинското министерство.

Слични содржини