Украина потврди: Подготвени сме за контраофанзива

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили ги завршуваат подготовките за долгоочекуваната пролетна контраофанзива, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, додавајќи дека генерално гледано, сè е подготвено за голема контраофанзива.

Резников, пренесува „Ројтерс“, на денешниот онлајн брифинг за новинарите рече: „Штом ќе се поклопат Божјата волја, добрите временски услови и одлуката на нашите команданти, тргнуваме“.

Резников не го објави датумот на започнување на контраофанзивата.

НАТО објави што испрати во Украина

Да потсетиме, Киев со месеци се подготвува за контраофанзива, чија цел е протерување на руските сили од окупираната територија на Украина на исток и југ. НАТО вчера објави дека испратил повеќе од 98 отсто од ветените борбени возила во Украина, кои вклучуваат 230 тенкови и 1.550 оклопни транспортери.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така објави дека испратил „огромни количества муниција“ во Украина и дека биле обучени и опремени повеќе од девет украински бригади.

Слични содржини