Украински генерал откри ШТО ПЛАНИРААТ РУСИТЕ

од Stefanija Kuzmanovska

Русија има намера да ја пробие украинската одбрана во областа на градовите Купјанск и Лиман, по интензивирањето на борбите, изјави командантот на украинските копнени сили.

На видеото што го објавија украинските копнени сили, се гледа како нивниот командант, генералот Олександр Сирски, ги посетува војниците и вели дека борбите во областите Купјанск и Лиман „значително се интензивирани“, пишува „Хина“.

„Непријателот се подготвува, сериозно се подготвува за офанзивна акција“, вели Сириски во видеото објавено на Телеграм.

 

„Главната цел е да се пробие нашата одбрана и повторно да се освои нашата територија“, додаде тој.

Враќањето на градовите Купјанск и Лиман, лоцирани во близина на вториот по големина град во Украина, Харков, минатата година беше клучен чекор во напредувањето на украинската армија и протерувањето на руските сили од делови на Донбас.

Руското министерство за одбрана ја призна зголемената воена активност во областа, велејќи дека нејзините војници одбиле десет украински напади во областа Купјанск и уште два во областа Лиман.

Слични содржини