Украински политичар: Ќе не поделат, како што тоа го направија со Југославија

од Stefanija Kuzmanovska

Во иднина, Украина може да ја повтори судбината на Југославија и да се подели на четири дела, изјави украинскиот политичар Евгеније Мураев за телевизијата „Неш“.

Според него, западните земји, како Полска, Унгарија и Романија, имаат свои цели, инвестираат пари во пограничните области и активно им даваат свои пасоши на Украинците.

„Ние не сме економски независни, не можеме да се издржуваме, немаме ветувачка иднина, живееме на кредит“, рече Мураев.

Тој го критикуваше претседателот Владимир Зеленски за неговите зборови дека, наводно, СССР бил „агресор“, посочувајќи дека, според таа логика, треба да се вратат пет области, што Европа ѝ ги „даде“ на Украина.

Претходно, поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили исто така зборуваше за можното распаѓање на Украина. Според него, државата е пред пропаст поради зголемувањето на централизацијата.

Слични содржини