Уште еден разорен земјотрес го погоди Нов Зеланд, јачина од 7,4 степени

од Stefanija Kuzmanovska

Уште еден разорен земјотрес го погоди Нов Зеланд, со јачина од 7,4 степени, а епицентарот овојпат беше малку подалеку на север во океанот, во близина на островот Кермадек.

Тоа е втор земјотрес со јачина од над седум степени за само неколку часа.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени го потресе Нов Зеланд, претходно денес, локалните медиуми објавија дека се очекува предупредување за цунами.

Според првите податоци, епицентарот на првиот земјотрес се наоѓал на 238 километри од Гисборн во Нов Зеланд, на длабочина од 10 километри.

Слични содржини