Уште еден затворен локал во Куманово поради непочитување на работното време

На 15.01.2021 во 21.50 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објект за компјутерски игри на ул.„Владимир Назор“ во Куманово, сопственост на Р.И.(23) од Куманово. При контрола во објектот биле затекнати 13 лица, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Слични содржини