Уште една албанска пејачка го присвои ајварот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американската пејачка Бебе Реџа е уште една пејачка со албанско потекло која јавно го нарече ајварот албански во своето обраќање на социјалните мрежи.

Таа објави видео на Инстаграм на кое се гледа како ајварот го става на леб и го нарекува „албански специјалитет кој сите го сакаат“ и „кој оди добро со јајца“.

Секако, ова наиде на големо негодување од нејзините обожаватели од Србија, кои тврдат дека ајварот е српски производ.

Бебе Реџа е родена во Њујорк, а нејзините родители се Албанци од Македонија. Нејзиното вистинско име е Блета. Таа го напиша еден од најголемите хитови на Ријана, песната „Monster“, која пејачката ја изведе со Еминем, и песни за многу други sвезди, вклучувајќи го и Дејвид Гета.

Таа е позната и по една песна со Ники Минаж, со која ја дели склоноста кон „таверкањето“.

Нејзиниот татко емигрирал во САД од Дебар кога имал 21 година, а нејзината мајка Букурија Реџа е по потекло од Гостивар и е родена во Америка.

На албански јазик, нејзиното име значи „пчела“, а Биби е нејзиниот прекар.

Слични содржини