Уште една европска земја ги укинува сите ковид-мерки

од Nikola Popovski

Исланд во ноќта од четврток кон петок ќе им се придружи на голем број земји, кои ги укинаа сите рестриктивни мерки со цел да се потисне епидемијата на Ковид-19, и покрај поголемиот број заболени, објави владата во средата.

Одлуката, која одговара на распоредот за постепено укинување на антиепидемиските мерки што го подготви владата и ќе стапи на сила во петок на полноќ, се однесува на мерките во земјата и граничната контрола.

„Се враќаме во нормален живот, но вирусот сè уште е меѓу нас“, рече премиерката Кетрин Џејкобсдотир по состанокот на владата.

Таа не ја отфрли можноста за усвојување нови мерки доколку тоа го бараат околностите, на пример доколку се појави нова варијанта на вирусот.

Исланд планира да постигне колективен имунитет до втората половина на март, кој ќе опфати околу 80 отсто од населението, се вели во соопштението на главниот епидемиолог.

Исланд, кој има 370.000 жители, пријави 2.885 нови инфекции во изминатите 24 часа, а бројот на случаи од почетокот на пандемијата надмина 115.000.

Земјата веќе двапати ги укина рестрикциите – на почетокот на летото 2020 година и летото 2021 година, но за првпат ги укинува граничните контроли.

Фото: KRBLOKHIN/ISTOCK

Слични содржини