Уште едно во низата обвинувања: Познат пејач пријавен во полиција за силување малолетничка

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачот на „Backstreet Boys“, Ник Картер е обвинет дека во повеќе наврати нападнал жени.

Во тужбата, поднесена во понеделникот во Окружниот суд во округот Кларк, се наведува дека Картер повеќе пати во 2003 година сексуално нападнал тогаш 15-годишна девојка од Пенсилванија.

Картер имал 22 и 23 години за време на наводните инциденти.

Како што стои во тужбата поднесена од А.Р., пејачот наводно ја силувал во спалната соба на неговата јахта.

Се вели дека Картер бил таму со неговата сестра Анџела и најмалку тројца возрасни мажи.

Жената вели дека ѝ кажала на мајка ѝ за нападите по третиот инцидент и дека тој бил пријавен во полиција во округот Јужен Јорк, Пенсилванија, во декември 2003 година. Најмалку уште две жени претходно излегоа со слични тврдења.

Адвокатот на Ник Картер, Дејл Хејлс Јуниор, изјави за ТМЗ дека властите ги истражиле нејзините тврдења пред две децении и не нашле ништо против кое би се покренало обвинение.

Во декември, Шенон Рут, која има аутизам, поднесе жалба во округот Кларк во која се тврди дека Картер сексуално ја нападнал во туристички автобус кога имала 17 години. Пејачката Мелиса Шуман уште во 2017 година го обвини дека ја силувал во 2002 година, кога имала 18 години.

Слични содржини