Успешен старт на проектот за мобилно издавање патни исправи за дијаспората во Словенија

од Vladimir Zorba

Почнаа со работа базните и мобилните станици за изработка и достава на патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, кои што живеат и работат во странство. Со новата опрема во нашите дипломатски и конзуларни претставништва, постапката за подигнување на патни исправи е олеснета и скратена, за што сведочат и нашите државјани во Словенија и амбасадорката, Сузана Зеленковска, пишува на својот Фејсбук профил Бујар Османи, министер за надворешни работи на РСМ.

Во август оваа година, промовирани се деветте базни станици и четирите мобилни станици кои се поставени во земјите каде што повеќе е концентрирана нашата дијаспора.

Подобрувањето на услугите за дијаспората е еден од клучните приоритети за мене, како Министер за надворешни работи, за чија реализација со мојот тим вложуваме максимални напори, истакна Османи.

Слични содржини