Уставен поведе постапка за Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје

од Vladimir Zorba

Уставниот суд на вчерашната седница одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за условите и начинот на давање под закуп на недвижен имот во сопственост на Град Скопје. Иницијативата до Судот е поднесена од градоначалниката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Во оваа фаза од постапката Уставниот суд изразува сомнеж дека Одлуката е спротивна на одредби од Уставот и Законот за локална самоуправа. Според Судот, меѓу другото спорно е што стварите во општинска сопственост може да се дадат на користење по пат на јавно наддавање, а врз основа на одлука на установата и со предлог на директорот на установата, што не е во согласност со одредби од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и со Законот за локална самоуправа, се наведува во денешното соопштение од Уставниот суд.

Дополнително, Уставниот суд изгласа и запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија донесени врз основа на Одлуката, односно воведена е т.н. времена мерка која важи се до донесување на конечната одлука на Судот.

Слични содржини