Ужас! Нов напад во воз, овој пат во Австрија

од desk3

Две лица беа повредени при напад со нож во австриски воз. 60-годишен Германец е уапсен во врска со нападот што се случил утринава во реонот на Форалберг, пренесува “Мирор”. Состојбата на повредените е дефинирана како критична.Тие се на возраст 17 и 19 години. Едниот е повреден во стомакот, а другиот во грлото.

1471341968-pay-overnight-train-of-bb-from-hamburg-to-vienna

Според полицијата мажот имал психички абнормалности и неговите активности не се диктирани од тероризам.

Очевидец раскажува дека мажот бил застрелан од друг човек , за да не се стигне до поголема трагедија. Потоа се вмешала полицијата, која го уапсила.

Патниците западнале во шок и специјалисти им укажаа психолошка помош. Потоа луѓето беа качени на друг воз и го продолжија патувањето.

Тоа е последователен напад во воз. Пред неколку недели вооружени нападнаа патниците во Германија и Швајцарија. Тогаш се работеше за тероризам.

Слични содржини