Вакцината против корона бесплатна за Норвежаните

од Aleksandar Petrovski

Норвешка ќе им обезбеди на своите граѓани бесплатно вакцина за коронавирус (ковид-19) кога ќе стане достапна, објавија денес властите, наведувајќи дека таа ќе стане дел од националната програма за вакцинација во земјата.

Норвешка, која е дел од единствениот европски пазар, но не е членка на Европската унија, во август рече дека ќе добие пристап до вакцините што ЕУ ги добива преку договори со фармацевтски компании.

„Ние сакаме што повеќе луѓе да добијат понуда за примање безбедни и ефективни вакцини. Затоа вакцинацијата ќе биде бесплатна “, рече премиерот Ерна Солберг, пренесува Ројтерс.

Шведска, која е членка на ЕУ, ќе купи повеќе вакцини отколку што е потребно, а потоа ќе ги продаде на Норвешка.

„ЕУ досега склучи договори со три различни производители на вакцини и преговара за договори со уште неколку производители. „Норвешка е покриена со овие договори преку договор за препродажба со Шведска“, се вели во соопштението на владата.
Норвешка е исто така дел од „Ковакс“, глобален план за дистрибуција на вакцини „ковид-19“, поддржан од Светската здравствена организација, на која и се придружија 171 земја, вклучително и Кина, но не и САД и Русија.

Целта на програмата е да понуди еднаков пристап до вакцините ковид-19 и за богатите и за сиромашните земји. Учесниците вклучуваат околу 76 богати, самофинансирани земји.

Ковакс е ко-предводен од СЗО, Алијансата за вакцини ГАВИ и Коалицијата за иновации и подготвеност за епидемија (ЦЕПИ). Норвешка е голем донатор и на ГАВИ и на ЦЕПИ, со седиште во Осло.

Ковакс е формиран со цел да ги обесхрабри националните влади да не акумулираат вакцини ковид-19 и да се фокусира на приоритетот на вакцинирање на ризични групи во секоја земја.

Слични содржини