Вакцината „Спутник-лајт“ регистрирана за употреба

од Stefanija Kuzmanovska

Руското Министерство за здравство ја регистрираше за употреба верзијата на вакцината против ковид-19 „Спутник-лајт“, која се дава во една доза, објави денес ТАСС.

Русија минатата недела објави дека ги завршила клиничките испитувања на вакцината, која може да биде привремено решение за земјите со голема стапка на инфекција, објави „Ројтерс“.

Москва изјави дека нејзината вакцина „Спутник V“, која се дава во две дози, ќе остане главната верзија која се користи во Русија.

Слични содржини