Василевска: Со заем од Светската банка, идните генерации ќе ја плаќаат сопствената национална и државна смрт (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„По речиси пет месеци од одржаната јавна расправа по предлог на Министерството за образование и наука на Концепт за основно образование, Собранието се уште ги нема усвоено Заклучоците од истата“, соопшти денеска Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„За владата предводена од СДСМ и за министерката Царовска гласот на академската и стручната јавност, се комплетно неважни, за нив единствено е важно насила да протуркаат реформа која е штетна, која е неуставна и која има за цел да ги вдоми партиските кадри, да спроведе комплетна партизација во образовниот систем и да инсталира надворешни нарачки за сметка на националните и државните интереси на македонските граѓани.

Реформите кои тие сакаат да ги прикажат како револуционерни и атрактивни се всушност гол популизам зад истиот се кријат намерите за злоупотреба на 21.5 милиони евра заем од Светската банка, а тоа се пари кои ќе ги плаќаме сите вклучително и идните генерации, кои всушност ќе ја плаќаат сопствената национална и државна смрт“, посочува Василевска.

Слични содржини