Велика Британија: Повеќе од 5.600 пациенти за 24 часа

од Vladimir Zorba

Во Велика Британија, во последните 24 часа се пријавени 5.693 случаи на коронавирус.

Тоа е мало намалување во споредба со вчера, кога беа евидентирани 6.042 нови пациенти, според Ројтерс.

Од последниот пресек, други 17 лица починаа како резултат на инфекција со Ковид-19.

Во Велика Британија, која, според веб-страницата „Worldometer“, е рангирана на четиринаесеттото место во светот според бројот на заразени, вкупно 434.969 лица биле заразени со коронавирус, а речиси 42.000 починале.

Слични содржини