Венгер: Да ме отпуштат? Па јас ги одбив сите гиганти за Арсенал!

од Vladimir Zorba

Долгогодишниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер се надева дека ќе успее да ги исполни сегашниот договор со клубот, до чиј крај останува околу една година и половина.

Иако актуелниот договор на Венгер беше потпишан во летото минатата година, оваа сезона Арсенал се соочува со сериозни тешкотии во првенството, откако го зазема шестото место на табелата, отпадна од Купот на Англија и „топџиите“ сосема не се сигурни за учество во Лигата на шампионите во следната сезона.

„Отсекогаш ги почитував договорите што ги имав“, изјави 68-годишниот специјалист кој е во Арсенал веќе 22 години.

„Треба да потсетам дека јас ги одбив сите големи клубови во светот во име на Арсенал, па и сега планирам да го исполнам договорот. За мене иднината е секогаш само едно – да го освојам следниот натпревар. Сакам фудбалерите да се претставуваат подобро во секој нареден меч и да бидат гладни за трофеи до крајот на сезоната – тоа е сè што сакам“, призна Французинот.

Арсенал има одлична шанса да го освои првиот трофеј сезонава на крајот на следната недела, кога е финалето за Лига Купот против Манчестер Сити.

Слични содржини