Венгер гарантира дека ќе ги поправи работите

од Vladimir Zorba

И новото разочарување на Арсенал не ја менува довербата на Арсен Венгер дека тој мора да продолжи да го води тимот. Вчера „топџите“ загубија со 1: 2 од Брајтон и имаат четири последователни порази и осум во последните 13 натпревари. Како што честопати е случај, навивачите на Арсенал подигнаа плакати со кои се повикуваше Французинот да го напушти тимот по 22 години на чело. Сегашната серија е најслабата за Венгер на чело на тимот од Лондон.

„Морам да кажам дека за прв пат во мојата кариера тоа нешто ми се случува (така – слаба серија). Не е лесно, но имам искуство и желба да ги свртам работите во наша корист. Едноставно кога треба да останеме во натпреварот, правиме грешки во незгодни моменти“, рече Венгер.

„Немаме друго решение, мораме да бидеме обединети и да се фокусираме“, продолжи менаџерот, негирајќи дури и да размислува за оставка.

„Вие фокусирајте се на вашата работа. Ова секогаш се прашања што ги поставувате, кога сме во таква ситуација. Си ја вршиш работата на вистинскиот начин или на начинот за кој мислиш дека е правилен – тоа е … “

Минатата сезона, Арсенал за прв пат остана надвор од топ 4 под раководство на Французинот. Изгледа дека и сега ќе биде така, бидејќи тие веќе заостануваат 13 поени од четвртиот Тотенхем. Ова значи дека триумфот во Лига Европа е единствената шанса за пласман во Лигата на шампионите.

„Да, мислам дека четвртото место веќе ни избегна. Математички, два од петте тимови пред нас треба да имаат проблеми. Сепак, со толку многу натпревари до крајот, ова изгледа тешка работа“, заклучи Венгер.

Договорот на тренерот е до летото 2019 година.

Слични содржини