Верижен судир помеѓу два автобуса и камион во Турција, најмалку две лица загинаа

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени утрово на автопат во Турција, во верижна сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуса и камион.

Автобус кој изгубил контрола предизвикал несреќа во селото Каракурт, округот Сарикамиш во Карс, пренесува телевизискиот канал НТВ.

Турската телевизија известува дека голем број медицински, полициски и спасувачки тимови се испратени на местото на несреќата.

Слични содржини