(ВИДЕО) Амбасадорката на САД во НАТО за 1ТВ: Само успешен референдум ја дели Македонија од членство во НАТО

од desk4

Доколку народот на Македонија го прифати името Република Северна Македонија на референдумот, ќе започнеме преговори со Македонија за да стане полноправна, 30-та членка на НАТО Аалијансата, вели амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачинсон, во конференциски телефонски брифинг со новинарите од светот.

„Изминативе години ја отворивме вратата за нови членки, а се надеваме дека ќе имаме преговори за членство со 30-та членка, тоа би била Република Северна Македонија, доколку народот од Македонија го одобрат новото име. Се радуваме што ќе имаме еден продуктивен состанок“, вели амбасадорката потенцирајќи дека НАТО никогаш порано не бил толку цврст и компактен во својата агенда.

На прашањето на 1ТВ: Ако Македонија ги направи сите неопходни реформи, а запре имплементацијата на Договорот за името со Грција, дали државата ќе биде поддржана од САД и ЕУ и дали САД и ЕУ ќе дозволат друга земја да го блокира процесот?“, таа одговара:

„Не можам да зборувам во име на ЕУ, туку само во името на НАТО. Ако референдумот за името Република Северна Македонија е успешен, ќе преговараме со Македонија за членство. Не сметам дека би имало блокада од било кој друг. Тоа беше договорено веќе на друг самит. Се додека името биде прифатено од народот“, одговара Хачинсон.

Властите во Македонија очекуваат на самитот на НАТО, кој ќе се одржува утре и задутре во Брисел, државата да ја добие долгоочекуваната покана за членство.

Од 1999 година Македонија е кандидатка, а изработи рекордни 17 акциони планови за членство, најмногу од сите досегашни кандидатки.

Слични содржини