ВИДЕО: Армијата на Северна Македонија го прослави 30-годишниот јубилеј

од Берта Китинска

Со традиционално испукување на плутони, прикажување на најновата воена опрема, показни вежби и со концерт на воениот оркестар и со музички ѕвезди, Армијата на Република Северна Македонија заедно со граѓаните вечерва на Воениот стадион во Скопје го прослави 30-годишниот јубилеј.

На манифестацијата присуствуваа mинистерката за одбрана, Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски, амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз, како и други гости.

Слични содржини