Почетна / Актуелно / (ВИДЕО) Две торнада се судрија на Флорида – штетите од ураганот Ирма се 200 милијарди долари

(ВИДЕО) Две торнада се судрија на Флорида – штетите од ураганот Ирма се 200 милијарди долари

Две торнада се судрија во округот Бревард, на Флорида, објави Си- Ен-Ен. Има многу уништени куќи. Според властите, ова е доказ дека евакуираните не мора да се вратат во своите домови, иако ураганот Ирма отиде на запад. Претходно, беше соопштено дека торнадо се разви во јужна Флорида.
Инаку, ураганот Ирма, откако ги опустоши Карибите и ја поплави Хавана, предизвика хаос во остатокот од Куба, удри и на Флорида, каде кршешеи дрвја и остави повеќе од милион луѓе без струја.

Со ветришта кои дуваа до 210 километри на час, ураганот кој достигна до тропска бура од четврта категорија, предизвика и лизгање на земјиште на Флорида.

Повеќе од 8 милиони луѓе во оваа и во соседната држава се соочуваат о ветришта со брзина од 110 километри на час, очекувајќи го најсилниот удар на Ирма, чие срце сега се движи кон Јужна Флорида.

од ураганот, кој опустоши некои карипски острови и ја поплави Хавана, главниот град на Куба.

Загубите за осигурителните компании од ураганите на Карибите и во јужните држави на САД може да достигнат 200 милијарди долари, посочуваат медиумите.

loading...