ВИДЕО: Макрон испи пиво на екс за време на прослава на титула

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во центарот на вниманието на тамошната јавност, откако испи пиво на екс за време на прославата на титулата во рагби во Тулуз!

Макрон беше гостин на натпреварот одигран во Лион, на кој Тулуз го победи Рошел со 29:26, а во еден момент се најде и во соблекувалната на Тулуз.

Францускиот претседател доби пиво од играчите, наздрави со нив и го испи истото на екс.

Исто така, француските медиуми напоменуваат дека тој отишол во соблекувалната на поразениот тим и им дал зборови на поддршка.

Слични содржини