(ВИДЕО)Николовски со честитка за Богојавление: Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното

По повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици, вицепремиерот во Владата, Љупчо Николовски, испрати своја честитка.
На сите православни верници им го честитам денешниот голем христијански празник Богојавление Христово – Водици.
Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното.
Пред нас е една таква година, на нови почетоци, полна со можности и оптимизам.
Посакувам конечна, заедничка победа над вирусот, нови радости во семејствата, меѓу пријателите, на работните места, благосостојба, спокој и мир.
Во духот на денешниот празник да се обврземе и пред себе си, на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање.
Да дадеме се од себе, затоа што новите почетоци тргнуват од секој од нас.
Нека е за многу години Богојавление – Водици.

Слични содржини