Ова е известувањето за одлуката на Судски совет на РМ.

Со оваа одлука вкупно 7 судии од судовите во Македонија се делегирани во Одделот за прекршоци во Основниот суд Скопје 1.

Тројца од Тетово, тројца од Куманово и Александра Поп Стефанија од Неготино.

До ден денеска, шест од овие судии се уште судат во Одделот за прекршоци.

Единстено Поп Стефанија, пред два месеци, непосредно пред криминалната аболиција на Иванов, незаконски е назначена во Одделот за организиран криминал, од страна на претседателот на судот Владимир Панчевски.

-совет-да-го-укине-незаконското-решение-на-Поп-Стефанија

Ова назначување на Поп Стефанија за судија во организиран криминал е спротивно на Законот за судовите, одлуката на Судскиот совет и Правилникот за работа на Судот.

Исто така, незаконска е и одлуката којашто ја донела Поп Стефанија да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување.

Потсетуваме, во овој предмет осомничени се, меѓу другите, и Гордана Јанкуловска и Горан Грујевски.

Поради процесни грешки, меѓутоа и заради неправилности и незаконитости на решението на Поп Стефанија Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 треба итно да го укине ова незаконско решение.

Македонија под топлотен бран, најтопло во јужновардарскиот регион

Откако ќе се укине ова незаконско решение предметот за уништување на опремата за незаконско прислушување треба да се додели на судија кој суди во делот за организиран криминал.

Претседателот на судот, Владимир Панчевски има обврска да ја почитува одлуката на Судскиот совет и треба да ја врати Поп Стефанија во Одделот за прекршоци и на нејзино место да назначи судија од редот на судиите од Основен суд Скопје 1.

Судски совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење против судијката Александра Поп Стефанија што донесе решение спротивно на законот.

Исто така, Судскиот совет има обврска да поведе постапка за нестручно и несовесно работење и против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, заради флагрантно кршење на прописите.

Овие незаконски одлуки се очигледен обид да се одбрани криминалната власт од правдата и законите. Ништо друго.

Но, бегање од правдата нема да има.

СДСМ ги повикува и ги охрабруваме чесните судии во Основниот суд Скопје 1 својата работа да ја темелат исклучиво на Закон и законитост во своето постапување.

Секој треба да разбере дека служењето на криминалните интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ повлекува законска одговорност.

Правда ќе има. Секој што го прекршил законот ќе одговара!

Нема спас за Никола Груевски и неговото криминално друштво.

Слични содржини