Боби Мојсовски, единствениот Македонец кој стигна до суперфиналето на „Икс фактор адриа“, го скрши мразот за натпреварувачите во Комбанк арената. Тој ја избра песната “Полско цвеќе“ од Тоше Проевски, и не изненади никого со својата точна изведба. Жирито секако му даде прекрасни коментари и му порача дека од почетокот знаеле дека тој заслужува да биде во финалето.2181756-img-7304

По првата елиминациона фаза Боби за втора песна ја избра „Show must go on“ од Kвин, тој доби повторно овации од публиката, но и комплименти од воодушевеното жири за снагата и професионалноста која ја покажал и покрај лошата здравствена состојба.

https://www.youtube.com/watch?v=21c_Hbk_-pA

Кога битката остана да се води помеѓу нашиот Боби и Амел, тој ја изведе рок баладата „Bed of Roses“ маестрално. Жирито не ги штедеше пофалбите и восхитот за неговиот гигантски глас.

https://www.youtube.com/watch?v=itEqoQLoKKE

Амел кога ја примаше наградата изјави дека не му се верува дека втор пат победува на вакво шоу и уште еднаш го поздрави Боби откривајќи дека тој сјајно отпеал и со бронхитис, а кој знае како ќе испеел да бил во полна сила.

Слични содржини