ВИДЕО: Во руска компанија ги соблекуваат работничките во долна облека за да проверат дали украле нешто

од Stefanija Kuzmanovska

Специјализираниот сајт The working rights, кој се занимава со правата на работниците во светот, објави видео со вознемирувачка содржина на кое, како што тврдат, се гледаат работнички во магацинот на руската компанија Wildberries како се соблекуваат до долна облека за да можат надлежните да проверат дали нешто украле.

„Ова е кршење на основните човекови права и мора веднаш да престане“, објави порталот во описот на видеото на YouTube.

Во коментарите на социјалните мрежи се наведува дека станува збор за руската верзија на „Амазон“, компанија која продава разни стоки преку Интернет.

Слични содржини