Викторија Бекам лекува скршено срце во Баден Баден

од Vlatko K

По интервјуто на нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, во кое тој го опиша нивниот брак како тежок, а односите меѓу нив понекогаш доста сложени, 44-годишната дизајнерка и модна икона, Викторија Бекам два дена не излегла од нејзиниот дом.

Блиски пријатели споделуваат пред новинарите дека таа не престанала да плаче и рекла дека се чувствува „опустошена“.

Два дена подоцна Викторија го направи најдоброто, што една жена во оваа ситуација може да го направи – гопакува багажот и оди во елитна Клиника за детокс и терапии за емоционална рамнотежа „Villa Stephanie“ во Баден Баден.

Во својот профил во Инстаграм ѕвездата сподели колку добро се чувствува таму и го окарактеризира својот престој како „неверојатен“.

Слични содржини