Вилијам и Кејт за првпат во јавноста по обвинувањата на Хари и Меган, не беа сами (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

„Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“, е мотото на британското кралско семејство кога семејните проблеми и скандали завршуваат во медиумите. До тоа се држат и сега, откако документарната серија на принцот Хари и Меган Маркл стана една од најпопуларните теми во светската јавност.

Иако Хари и Меган не ги штедеа членовите на кралското семејство, семејството не одговара на нивните повици, а принцот Вилијам наводно не дозволува никој да зборува против Хари.

Тој наводно изјавил дека никогаш нема да го гледа документарецот и ги замолил пријателите да ги „занемарат“ тврдењата изнесени во серијалот.

Иако, како што пишуваат британските медиуми, тој е лут и тажен поради документарната серија, Вилијам „нема да толерира“ другите да зборуваат негативно за Хари.

Додека целиот свет околу нив зборува за документарецот, Вилијам и Кејт не обрнуваа многу внимание на гласините, а сега за првпат излегоа во јавноста по обвинувањата на Хари и Меган. Двојката пристигна во Вестминстерската опатија, каде присуствуваа на концертот „Together at Christmas“, а иако Кејт, како и секогаш, пристигна со широка насмевка, онаа на лицето на принцот Вилијам беше малку принудена и делуваше непријатно.

Тие ги донесоа нивните две деца, принцот Џорџ и принцезата Шарлот, кои го украдоа вниманието како преслатки мини копии на нивните родители.

Деветгодишниот Џорџ, како и неговиот татко Вилијам, носеше тегет одело, додека неговата сестра носеше темноцрвено палто, како и мама Кејт.

Слични содржини