Вирусот не запира, алармантно во Прилеп можно е воведување карантин

од Берта Китинска

По Скопје, Прилеп е град со најголем број активни носители на вирусот.Вчера беа регистрирани 30 починати и 1160 нови случаи на ковид 19 во земјава.

Клиниката за уво, нос и грло ќе прима пациенти со ковид

Клиниката за уво, нос и грло може дополнително да хоспитализира 50 пациенти со ковид 19. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена. Вкупно во комплексот клиники Мајка Тереза има околу 350 кревети за ковид пациенти. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 Септември и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле. На координативен состанок утрово со директорите на ковид центрите од комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје разговаравме за капацитетите на клиниките – иако пополнетоста на капацитеите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Во Прилеп брзо се шири вирусот

Ситуацијата со Ковид 19 e  крајно загрижувачка во Прилеп и има застрашувачка тенденција на ширење на заразата.

Од почетокот на пандемијата, заклучно со вчерашниот ден вкупниот број на заболени изнесува 2.766 лица, а бројот на активни случаи е 1.021. 856 пациенти се лекуваат во домашни услови, 117 во болнички, а 48 примаат терапија во дневната болница.

„ Дружењата, групирањата, неносењето на еден процент од граѓаните на заштитни маски, неодговорното однесување го раши вирусот во градот“ Ние не можеме да даваме предлози, ние даваме само насоки што треба да се направи во нашиот град. Сите овие случувања во последниве 20-тина дена кога имаме голем број на новозаболени граѓани, за жал и починати пациенти, ние бараме помош од главниот Кризен штаб кој заедно со Комисијата за заразни болести е тој кој одлучува и кој ќе процени кои мерки ќе ги превземи“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Додека се чека таа одлука општинскиот кризен штаб поради потребата од зголемен медицински персонал во инфективното одделение донесе одлука таму да волонтираат и матичните лекари.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Слични содржини