Владата да се извини за исвиркувањето на македонскиот јазик на партиската прослава на ДУИ, бараат од опозицијата

од Vladimir Zorba

„Од скандал до скандал за прославата за Рамковниот договор. Илјадници евра потрошени за партиска прослава на ДУИ, на која се исвиркуваше македонскиот јазик. Два дена без никаква реакција од власта за овој скандал на приватната забава на власта“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски, Груби и останатите функционери треба веднаш да се оградат, осудат и извинат на македонските граѓани за скандалот со омаловажувањето на македонскиот јазик за време на таканаречената прослава. За оваа прослава се потрошија над 100 илјади евра за пејачи и гоштевање на функционерите на ДУИ во време на економска и енергетска криза“, велат од Белата палата и повторно побараат предвремени парламентарни избори.

Слични содржини