Владата: Ги осудуваме нападите врз новинарите на протестот за „Монструм“

од Nikola Popovski

„Владата на Република Северна Македонија најостро ги осудува нападите врз новинарите што случија за време на протестите после судските одлуки во случајот „Монструм“, соопштија од прес-службата.

Според владата, во демократски општества секој има право на изразување незадоволство, но насилничките инциденти се неприфатливи и недозволиви.

„Поаѓајќи од својот јасен став за нула толеранција за ваквите инциденти, Владата укажува дека секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран и дека сите институции во државата, како и обвинителството и судовите, треба да постапуваат максимално брзо и професионално за било кој напад или закана против медиумските работници“, стои во соопштението.

Здружението на новинари на Македонија го осуди овој настан, нападот врз новинарската екипа на Македонската информативна агенција (МИА) и предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно, дополнува ЗНМ; што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници.

Самостојниот синдикат на новинари исто така го осуди настанот, нагласувајќи дека покрај нападот врз екипата на МИА, нападнат бил и новинар-репортер од редакцијата на „Слободен печат“, од кого полицајците побарале да ги избрише снимките од службениот мобилен телефон, за да не ги снима и објавува, бидејќи потоа нив им се одмаздувале.

Слични содржини