Владата ги разреши Тозија и Хајредин, назначи нови директори

од Aleksandar Petrovski

На вечерашната владина седница разрешени се директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија и В.Д. директорот на Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Република Северна Македонија, Шпенд Хајредин.

Донесени се и одлуки за назначување на нови директори:

– Член на Одборот на директори на АД ВОДОСТОПАНСТВО на Македонија е избран – Васко Стефанов.

– Јована Тренчевска е именувана за вршител на должност директор на Државниот инспекторат за труд.

– Дејан Павлески е именуван за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот.

– Абдуш Демири е именуван за директор на Агенцијата за вработување.

– Ана Петровска e именувана за в.д. директор на Државниот инспекторат за животна средина.

loading...

Слични содржини