Владата го повлекува Законот за учебници

од Nikola Popovski

Фејсбук страната „Образовни реформи“, позади која стои иницијативата „Учебници и настава мора да има“ објавиле дека добиле официјално известување од претседателот на Собранието, Талат Џафери дека Владата го повлекува Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование.

„Денес покажавме и докажавме дека како граѓани можеме да учествуваме во одлучувањето за важни работи за нас, за нашите деца… и за нашата заедничка иднина…Оваа битка ја извојувавме… сепак оваа битка е само еден чекор во борбата која следи….Продолжуваме со ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА за интервенции и измени во Концепцијата за основно образование… Законот за образование… и сите останати закони кои го уредуваат образованието во државата…. со една и единствена цел „ОБРАЗОВНИ РЕФОРМИ ПО МЕРКА НА УЧЕНИКОТ“, стои во објавата, напишана од Драгана Спасевска, која е овластен претставник на „Образовни реформи“.

Министерката за образование, Мила Царовска најавуваше дека за оние деца кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, ќе бидат обезбедени дигитални уреди, а во рамките на училиштата ќе бидат направени дигитални библиотеки. Според неа реформата не само што не била избрзана туку дека била задоцнета и оти резултатите од неа треба да се очекуваат за пет до шест години.

Родителите излегоа на неколку протести во изминатиот период со барање за повлекување на предлог-Законот. Поднесоа и иницијатива за државен референдум.

Слични содржини