Владата на САД со известувања до вработените за неизбежната блокада, речиси 2,5 милиони службеници ќе останат без плата

од Radmila Tasevska

Владата на САД денеска почна да ги известува федералните службеници дека блокадата на владините служби најверојатно е незибежна со оглед на отпорот што републиканците на Капитол хил го покажуваат да се гласа какви и да било финансирање.

-Администрацијата на Бајден е присилена да вплови во формален, методичен процес на подготовка на запирање на работата на голем дел од Вашингтон, пишува Вашингон пост.

Отпорот кај републиканците е толку голем, дознава весникот, што засега е тешко да се дојде до договор, а најверојатното затворање може да трае со недели. Ова би било негативно за американската економија и би предизвикало потешкотии во извршувањето на многу услуги од кои зависат милиони Американци и бизниси.

Глас на разумот со повик да се дојде до договор денеска беше оној на Мич Меконел, лидер на малцинството во Сенатот. Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, на чело со спикерот Кевин Макарти, сепак е неумолив и не ги прими предлозите.

Соопштенијата што владата ги испратиле до вработените укажуваат на растечкиот ризик од неисплата на милиони вработени како и на воениот персонал, освен ако законодавците во Конгресот не склучат во последен момент договор што ќе го продолжи финансирањето на владата и после 30 септември, што по сè изгледа е малку веројатно.

-Во текот на овој период некои од вас ќе бидат привремено отпуштени, додека останатите кои извршуваат вонредни функции ќе продолжат да ги извршуваат нивните зададени задачи, се вели во едно од соопштенијата испратени до вработените од Министерството за внатрешна безбедност, дознава весникот.

-Нашата колективна мисија е од најголема важност. Секој од вас учествува со сериозна улога да се чуваат во безбедност нашата нација, Американскиот народ, и нашиот начин на живот.

Со „затворањето„ американската влада ќе биде принудена да ги одржува во живот само најважните функции. Службите како националните паркови, пасошките служби, државните музеи, службите за станбени субвенции или оние за доделување храна и помош за сиромашните нема да работат.

Ова засега околу два милиони федерални работници и приближно 1,3 милиони активни во воената служба. Ќе работат такви органи како социјалното осигурување и поштата, кои не зависат од годишните асигнации одобрени од Конгресот.

Слични содржини