Владата на Украина им забрани на спортистите да учествуваат на натпревари на кои учествуваат Руси

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на Украина им забрани на украинските спортисти да учествуваат на натпревари на кои се присутни претставници на Русија и Белорусија.

Одлуката се однесува на сите натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Париз во 2024 година, пренесува „Интерфакс Украина“.

Министерот Олег Немчинов изјави дека украинската влада донела ваква одлука на предлог на министерот за млади и спорт, претседател на Националниот олимписки комитет Вадим Гуцајт.

Слични содржини